Македонија

Петровска и чешкиот амбасадор Лудва потпишаа договор за ремонт на хеликоптери

23.12.2022 10:19

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци...

Денеска во Министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор Влада со Влада (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.