ЕУ

Ева Каили останува во притвор најмалку уште еден месец

23.12.2022 11:10

Според белгиските медиуми, таа делумно признала пред истражителите. Каили е во притвор под сомнение за корупција и трговија со влијание во корист на Катар...

Грчката европратеничка Ева Каили останува во притвор најмалку уште еден месец. Според белгиските медиуми, таа делумно признала пред истражителите. Каили е во притвор под сомнение за корупција и трговија со влијание во корист на Катар.

Европратеничката е во притвор од 9-ти декември, додека нејзиниот партнер Франческо Џорџи, советник во Европскиот парламент, исто така е во притвор поради истите обвиненија. Нејзината одбрана побара таа да биде ослободена и ставена под мониторинг со електронска нараквица и негираат соучесништво во корупција.