СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја истрела уште две балистички ракети

23.12.2022 13:30

Според Вашингтон и Сеул, Пјонгјанг ја дестабилизира регионалната безбедност и нема намера да ги запре своите провокативни акции...

Северна Кореја истрелала уште две балистички ракети кон морето од својот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја.

Пред само неколку дена, исто така, беа истрелани две ракети. Според Вашингтон и Сеул, Пјонгјанг ја дестабилизира регионалната безбедност и нема намера да ги запре своите провокативни акции. И генералниот секретар на јапонската влада го осуди најновото севернокорејско лансирање како „апсолутно неприфатливо“.