Мирчев: На Македонија не и треба широк плурален партиски систем

29.04.2014 17:47

По осамостојувањето следуваа постојани промени во политичкиот систем: од избори, парламент до модели на избирање, пропорционален, мнозински, полупропорционален. Тоа се пресликуваше и во партиска смисла – се формираа, вели професор Мирчев, стотина партии, па згаснаа или се исцепкаа.

Последнава деценија се стабилизира политичкиот систем во македонија. Токму во тоа ја гледа причината за победата на владејачката ВМРО ДПМНЕ во неколку последователни циклуси . Според него  на земјава не и потребен широк плурален партиски систем.

„Очигледно е дека и овие избори го покажаа тоа,  и дека системот оди во насока на четворопартиски односно двопартиски систем“, Димитар Мирчев, професор

Светогледот на Мирчев, според академик Камбовски, е одразен целосно во неговото дело ферментација на демокартијата и на нацијата која се појавува во вистинско време.  

„Во општествените науки продира сознанието дека старите недоразбирања и рани неможат да се исцелуваат со лек со поминат рок на употреба“, вели Владо Камбовски, академик

Експертите се со единствена оценка - свесен за геополитиката Мирчев јасно укажува дека при клучните одлуки, при клучните настани не можеме да се апстрахираме од улогата на големите сили 

„Не е можно, странци, како што велат, да бидат самите за себе, „стејт билдерс“ а ние да бидеме „стејт холдерс“ како граѓани“, вели Гордана Силјановска , професор.

Мирчев оценува дека АСНОМ, либерализмот во доцните 60 години и осамостојувањето во 90 години се трите македонски политички пролети како темелите врз кои се проектираат демократските процеси во земјава со сите позитивни и негативни импулси.

 

Фиљана Кока