Мустафа Хајрулахи доби нов четиригодишен мандат
Советот на јавните обвинители едногласно го изгласа, откако во два наврати не можеше да избере шеф. Тој беше единствен кандидат. Јолевски констатира дека во системот и натаму недостигаат 100 обвинители...

Досегашниот шеф на скопското вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи доби нов четиригодишен мандат. Советот на јавните обвинители едногласно го изгласа, откако во два наврати не можеше да избере шеф. Тој беше единствен кандидат, се откажаа неговите колеги Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.
За критиките за изборот на Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кои стигнаа и од меѓународниот фактор, Јолевски дециден – Советот во изборот учествувал само како избирачка комисија.
Јолевски констатира дека во системот и натаму недостигаат 100 обвинители и очекува дел од нив да се пополни на почетокот на идната година со новата генерација обвинители кои треба да ја завршат Академијата.
Анита Димитријевска Велковска
