Поведена дисциплинска постапка против Рускоска и уште две обвинителки
Републичкото обвинителство поведе дисциплинска постапка против поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска...

Републичкото обвинителство поведе дисциплинска постапка против поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.
Во соопштението од обвинителството се наведува дека трите обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од Законот за јавното обвинителство.
Против решението не е дозволена жалба, а како следна фаза, Комисијата ќе закаже седница на која трите обвинителки ќе можат да предложат докази и да дадат изјави во врска со случајот.
