Франција

Пукање во центарот на Париз, има убиени и ранети

23.12.2022 14:32

Напаѓачот е уапсен, станува збор за 69-годишен маж, француски државјанин, пензионер, кој претходно работел како возач...

Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени во пукотница во центарот на Париз. Напаѓачот е уапсен, станува збор за 69-годишен маж, француски државјанин, пензионер, кој претходно работел како возач.

Француските медиуми наведуваат дека пукањето се случило во близина на курдскиот културен центар Ахмет-Каја, засега мотивите за нападот не се познати.