ДИЖС: Воздухот е загаден од греење на гума и пластика
Според Државниот инспекторат за животна средина главниот извор на загадување на воздухот во Скопје е затоплувањето на домовите на жителите со несоодветни материјали – пластика, гума и стар мебел. Во земјава проверка вршат 22 инспектори на државно ниво...

Директорот Стојковски вели тие немаат начин да ги контролираат домаќинствата без судска наредба, туку само компаниите со „А“ интегрирана еколошка дозвола и фирми кои имаат елаборати за еколошка одржливост.
На топланите им е дозволено да работат само 10 дена на мазут, доколку немаат достапен гас, додаде Стојковски.
Како што информира директорот Стојковски за 11 месеци годинава, биле направени речиси две илјади инспекциски проверки.
Поднесени биле 63 прекршочни и една кривична пријава за загадувачите. Изречени се парични глоби од шестотини илјади евра.
Игор Панов
