Прилеп: Платено породилно отсуство за жените земјоделки
Преку 70 граѓански здруженија и мрежа од организации до парламентот ја поднесоа иницијативата за предлог законски измени во законот за здравствено осигурување за право на платено породилно отсуство за жените земјоделки. Тоа е нивно законско и уставно право, во спротивно се врши дискриминација, сметаат невладините, Хелсиншкиот комитет и жените земјоделки. Ја очекуваат поддршката во Парламентот...

Анета Загорац од Милошево, шест години е регистрирана жена земјоделка. Работи од утро до вечер, мајка е, но нема право на породилно како сите работнички.
Поддршката е безрезервна.
Преку 70 граѓански здруженија и мрежи, до Парламентот ја доставија иницијативата за измени во Законот за здравствено осигурување. Велат, правото им е ускратено и се дискриминирани жените земјоделки. Очекуваат поддршка од народните избраници.
Во земјава регистрирани се 1.075 жени земјоделки, од кои право може да остварат 48, со вкупен годишен надомест од нешто повеќе од 10 милиони денари, што е мал дел од Буџетот.
Веќе има претставка до Комисијата за дискриминација. Предлог законското решение е подготвено од правници со меѓународно искуство.
Елизабета Митреска
