Се засилува контролата на раноградинарските производи
21 тон домати и 1,8 тони зелка се вратени од граничниот премин Ќафасан.

Инспекторите за земјоделство утврдиле дека доматите и зелката биле во небезбедна амбалажа која може да го зарази и производот и почвата. Пакувањето на зеленчукот не било според меѓународните европски стандарди и се вратени назад во Албанија од каде што и потекнувале.
„Бидејќи постои можност и ризик доматот и зелката да бидат заразена со карантински штетници, пратките се задолжени веднаш да бидат вратени на територијата на Република Албанија“, Румен Стаменов Државен инспекторат за земјоделство
Од Инспекторатот велат дека фирмата увозник потекнува од Струмица- најголемиот крај за производство на раноградинарски производи . Инспекторатот најавува засилени контроли на граничните премини за сите земјоделски култури. Во последните две години безбедноста на храната ја засенија неколку случаи како небезбедни краставици, домати и пченица.
Дијана Ценевска
