Годинава превезени 2,3 милиони патници
Над два милиони и триста илјади патници ги користеле услугите на аеродромите во земјава. Авиосообраќајот се раздвижува приближно на нивото на рекордната 2019 година велат надлежните. Ќе има нови линии, во тек е јавниот повик за субвенционирање. Оптимистички проекции за авиосообраќајот за следната година...

Над 2,3 милиони патници годинава се превезувале преку македонските аеродроми. Ова е приближна бројка на рекордната 2019 година, кога бројот достигна 2,7 милиони патници. Министерот Бочварски со оптимистички проекции за авиосообраќајот за следната година. Ќе има нови линии за посакувани дестинации во светот. Во тек е јавниот повик за субвенционирање.
Во насока на зголемување на конкурентноста на скопскиот аеродром отворен бесцаринска продавница,инвестиција од половина милион евра. Со ова се прошируваат услугите на аеродромот.
Во моментов од скопскиот аеродром има 38 дестинации, а од охридскиот 7 коишто ги опслужуваат 13 компании.
Наташа Г. Петрушевска
