Управата за извршување на санкции изврши вонреден надзор во КПД Струга
Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга- информираат од Министерството за првда...

На барањето од Кривичниот суд кое пристигнало во затворот во Струга пишувало дека Сашо Мијалков треба да се појави на расправата по кривичниот предмет „Титаник 2“ на 12-ти декември, ова го утврди вонреден надзор на Управата за извршување на санкции.
Како што информираат оттаму, барањето е заведено во затворот со приемен печат 14-ти декември, но иако станува збор за два дена претходно, на тоа никој не укажал.
Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби, Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга. Воедно е разговарано и со осуденото лице С.М. за настанатата ситуација. информираат од Управата за извршување на санкции.
