Бизнис заедницата очекува подоба ликвидност со законот за финансиска дисциплина
Бизнис заедниците се оптимисти и очекуваат подобрување на ликвидноста. Преку серија трибини со ресорот финансии надминати се сите нејаснотии...

Ќе се чисти деловниот амбиент од фирмите што не ги плаќаат обврските. Повеќе годишните побарувања кои им создаваат проблеми на дисциплинираните компании би требало да станат минато, а новиот закон треба да ги принуди и приватниот и јавниот сектор редовно и во предвидените рокови да ги плаќаат обврските кон добавувачите. Бизнис заедниците се оптимисти и очекуваат подобрување на ликвидноста. Преку серија трибини со ресорот финансии надминати се сите нејаснотии.
„Генерално секоја од компаниите индивидуало е подготвена за примена и имплементација на новата регулатива.Оние што не се во можност да ги исполнат барањата побараа алтернативни начини како да ги расчистат старите обврски .најчесто во форма на банкарски кредити“, смета Даниела Арсовска- претседател на Услужната комора при ССК.
Законот за финансиска дисциплина е јасен. Секоја примена фактура приватните компании треба да ја платат во рок не подолг од 60 дена. Тој може да се продолжи и до 120 дена, но со задолжотелна претходна писмена согласност на доверителот.
„Важно е бизнис заедницата да ја знае мерката до каде може да се оди и како треба да се работи“, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија.
Законската рамка мора да се почитува, вели Бошков, затоа што на тој начин ќе се среди ликвидноста и ќе се зголеми финансиката дисциплина.
Експертите сметаат дека новиот закон кој ќе се применува од први мај ќе помогне да се стави крај на криминалот со неплаќање на обврските во кој најлесно потонуваат микро и малите фирми, кои имаат скромен финансиски потенцијал.
Свето Николовски
