Финансии
Собранието го донесе Буџетот за 2023 година
23.12.2022 17:17
Според Бесими, буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.

Собранието со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе дополнетиот Буџет за 2023 година. Министерот за финансии Бесими пред гласањето за буџетот посочи дека се прифатени неколку амандмани.
Според Бесими, буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните финансии – капиталните расходи да се повисоки од буџетскиот дефицит.
Оценката на опозицијата, која гласаше воздржано, е дека буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.
Буџетот е најголем досега и изнесува 5, 31 милијарди евра.
