Почина пејачот Масимо Савиќ
Савиќ важеше за еден од најпрепознатливите вокали на некогашната југословенска сцена...

Хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ почина денеска на 60 години, објави неговото семејство на официјалната Фејсбук страница.
„Нашиот татко, сопруг, гордоста и љубовта Масимо Савиќ не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Засекогаш ќе бидеме твои девојки. Ани и Мирна“, стои во објавата на Фејсбук.
Савиќ важеше за еден од најпрепознатливите вокали на некогашната југословенска сцена. Кариерата ја почна како фронтмен на групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на ‘80-ите, пред да продолжи како соло пејач.
Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.
