МВР

Дојави за бомби во 19 училишта во Скопје

23.12.2022 18:45

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.

На електронските адреси на 19 училишта во Скопје попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.