Органско-минерално ѓубриво - патент на годината

29.04.2014 18:12

Новиот производ органско-минерално ѓубриво, кој е наменет за земјоделството и дава одлични резултати е прогласен за патент на 2013 година.

Тимот од четворица иноватори ресми зиба, момчула јорданоски, валентина пеливанова и ајро ваит неколку години работеа на овој проект. Производот со уште 4 пронајдоци беше презентиран на големата меѓународна изложба на идеи, пронајдоци, нови производи во нирнберг, германија на која што учестувуваа 32 земји со повеќе од 700 пронајдоци. Македонските  иноватори добија повеќе награди за своите изуми.

Патентот на годинате се доделува веќе 20 години. Многу од пронајдоците практично беа применети и се покажаа како исклучително успешни.

Нашата интенција е од овој прототип да направиме еден модерен, произведувачки капацитет, кој ќе може да го реши горливиот проблем на денешницата а тоа е справувањето со милта од прочистителните станици, на досегашните а се надевам и на оние кои што се планирани да се изградат во иднина“, вели Валентина Пеливанова – дел од тимот пронаоѓачи

Данче азманова