Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

24.12.2022 09:21

По одделни котлини ќе има со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Следните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со повисоки дневни температури, особено утре...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе се достигне до 7 степени.

Следните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со повисоки дневни температури, особено утре. По одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо со пониски дневни температури.