Сообраќај

МВР: 157 санкционирани возачи во Скопје

24.12.2022 09:56

Изречени се девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон, соопштуваат од МВР.