Македонија

Вонреден конгрес на АА, Таравари единствен кандидат за претседател

24.12.2022 10:08

Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати. На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер...

Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден Конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата, функција за која единствен кандидат е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател. Арбен Таравари.

Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати.

На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател на АА, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015-та година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.