ФРАНЦИЈА
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар
24.12.2022 10:56
Нереди на улиците на Париз. Полицијата се судри со припадниците на курдската заедница, по престрелката во која загинаа тројца нивни сонародници...

Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар. Две илјади демонстранти, Курди, излегоа на улиците. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
Немирите почнаа откако 69-годишен Парижанец, пензионер, беше уапсен во полициска акција, по престрелка во која уби тројца, а рани четири лица. Жртвите и повредените се членови на курдската заедница во Франција.
Се огласи и претседателот Макрон кој вели дека француските Курди биле мета на напад во срцето на Париз.
