САД одобри 45 милијарди долари помош за Киев
Украинскиот претседател долго време бараше ракети земја-воздух за помош во битката против руските воздушни напади, кои уништија градови и села за време на 10-месечниот конфликт и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и вода низ целата земја, во последните три месеци...

Претставничкиот дом на САД, под контрола на демократите, вчера одобри помош од 45 милијарди долари за Украина, откако претседателот Зеленски се врати од Вашингтон, со ветување дека ќе добие ракети „Патриот“.
Украинскиот претседател долго време бараше ракети земја-воздух за помош во битката против руските воздушни напади, кои уништија градови и села за време на 10-месечниот конфликт и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и вода низ целата земја, во последните три месеци. Вашингтон и сојузниците не сакаа да му дадат на Киев модерни борбени тенкови и ракети со долг дострел.
