Свет

Историско невреме во САД со екстремно ниски температури

24.12.2022 11:14

Погодени се над 200 милиони Американци од силната зимска бура. Се проценува дека досега починале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија, а илјадници летови беа откажани...

Историско невреме во САД. Погодени се над 200 милиони Американци од силната зимска бура. Се проценува дека досега починале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија, а илјадници летови беа откажани.

Невремето се протега на повеќе од 3.200 километри, од Тексас на југот на САД, до Квебек во Канада. Во Охајо беше предизвикан верижен судир на 50 возила. Проблемите во сообраќајот се влошуваат поради недостигот на работници за чистење снег.

Во Денвер беше измерена температура - 33 степени Целзиусови. Во Нешвил, Тенеси, температурата падна под нулата за првпат по 26 години. Рекордно ниско ниво од - 41, степени Целзиусови беше забележано во Вајоминг.