Кина

Коронавирус се шири во Кина, апел до жителите на Шангај да останат дома

24.12.2022 11:20

Огранок на Општинската здравствена комисија во Шангај ги повика, особено младите, да избегнуваат собири поради лесното ширење на коронавирусот и ниските температури...

Властите во Шангај ги повикаа граѓаните да останат дома викендов поради се поголемиот број случаи на коронавирус. Огранок на Општинската здравствена комисија во Шангај ги повика, особено младите, да избегнуваат собири поради лесното ширење на коронавирусот и ниските температури.

Божиќ традиционално не се слави во Кина, но вообичаено е младите парови и некои семејства да го поминат празникот заедно.

Омикрон се шири со недели, откако властите ја прекинаа политиката на нулта толеранција за Ковид, укинувајќи ги строгите тестирања и ограничувањата за патување.