Дали црквата во Трескавец била изградена врз темелите на антички храмови!?
Дали црквата „Света Богородица“ – Трескавец е изградена врз темелите на антички храмови посветени на боговите Аполон и Артемида? Најновиот проект за археолошко истражување на внатрешноста на црквата ќе ги даде одговорите, а ќе помогне и при конзервацијата на целокупното сакрално богатство на комплексот...

Конечно ќе се реши мистеријата што крие Трескавец, и како се развивало ова место во изминативе неколку милениуми. Во овој манастир започнаа археолошките истражувања во црквата кои треба да дадат одговор на сите досегашни прашања. Овие истражувања треба да помогнат и во реализацијата на проектот за конзервација на црквата кој треба да се изработи оваа година.
„Овој простор е целосно неистражен, неопходно е да се направата овие археолошки истражувања за да конечно се дефинира што се имало на Трескавец, под црквата, старата трпезарија и магерницата. Досега не се направени вакви истражувања, конечно ќе се добијат податоци за сето тоа кои градби ги имало тука, со оглед на градбите и функцијата која ја имал Трескавец во минатото“, рече Гордана Данилоска, Спироска, директор на Завод и Музеј Прилеп.
Со својата мистика ова место, низ вековите привлекувало илјадници посетители.. Научно и стручно никој досега не ги образложил тајните кои ги крие ова древно светилиште. Експертите не ги кријат своите очекувања дека можеби ќе се дојде и до некое епохално откритите.
Низ годините за Трескавец се плетат голем број мистерии и приказни. Се претпоставува дека тука на овој простор се наоѓала античката населба Колобаиса како и тоа дека денешната црква е изградена врз темелите на античкиот храм посеветен на боговите Аполон и Артемида. Токму овие археолошки истражувања треба да дадат одговор на сите овие мистерии.
Со овие проекти конечно ќе се врати стариот сјај на Трескавец.
„Не радува фактот дека конечно се започна со реализација на овој проект и дека за брзо време ќе започне целосна реконструкација на цркавата, архитектонска консолидација, чистење на фреските и се што значи внатрешно уредување на црквата“, вели монахот Калист.
Проектот пак за конаците деновиве треба да се прати на повторно разгледување во Националниот конзерваторски центар и според очекувања оваа година да биде распишан и и трендерот за нивна обнова.
Дарко Штаргоски
