Македонија

ЕСМ: Фирмата предложена од Мицкоски никогаш не достави комплетна понуда за испорака на гас

24.12.2022 14:04

АД ЕСМ реагира на наводите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, дека АД Електрани не сакала да потпише договор за набавка на природен гас со фирмата предложена од Христијан Мицкоски...

АД ЕСМ реагира на наводите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николовски, дека АД Електрани не сакала да потпише договор за набавка на природен гас со фирмата предложена од Христијан Мицкоски. 

„Наведената фирма беше директно контактирана од одговорни лица од АД ЕСМ, беше повикувана на неколку огласи за набавка на природен гас и од наша страна се правеа обиди да се дојде до комплетна понуда која може да се разгледа согласно објавата за набавка“, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Оттаму дополнуваат дека до поднесување на комплетна понуда не дошло, а дополнително биле известени и дека за еден одреден период фирмата воопшто не е во можност да испорача гас.

Ад ЕСМ апелира до претставниците на политичките партии да не ја вовлекуваат во невистинити искази и со тоа да ги омаловажуваат трудот и жртвата вложени од сите вработени, во услови на енергетска криза.