Кандидатите за претседателската фотелја на ЕК ги „мерат силите“ на серија дебати
На помалку од еден месец пред изборите во Еропската Унија кандидатите за председателската функција во Европската Комисија вчера вечерта во Мастрихт, Холандија, ги започнаа серијата дебати на кои ги соочуваа различните ставови за отворените прашања кои ги засегаат Европјаните...

Денеска попладне во инетрактивната програма во отвореното студио во Европскиот Парламент поранешниот премиер на Луксембург, Жан -Клод Јункер од централно десничарската Европска народна партија, актуелниот претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кандидат на Социјалистите и Демократите, германската европратенчка Ска Келер и кандидатот од Либералната партија и поранешент премиер на Белгија, Гај Ферхофштад, одговараа на прашањата кои најмногу ги интересиаа европските граѓани како што се невработеноста, мобилноста, надворешната политика, енергетската безбедност и банкарската унија.
Централно-десничарскиот кандидат Јункер, кој претседаваше со Советот на министрите за финансии во еврозоната за време на кризата, изненадувачки истакна дека тој немал проект на штедење, напротив дека ја застапува идејата за стабилни јавни финансии без кои не постои економски раст.
Претседателот на Европскиот парламент Шулц, пак инсистира за кредитна програма која ќе им овозможи на компаниите да вработуваат млади луѓе, аргумент кој беше дел и од програмата на германската европратеничка од Зелените, Ска Келер.
Сепак општиот заклучок е дека поранешниот Белгиски премиер, Верхофштад ја погоди поента и предизвика најмногу внимание со својата визија за иднината на Европа. Тој во неколку наврати изјави дека се залага за поинтегрирана Европа, во која подразбира помала регулација на единствениот пазар, но повеќе заеднички политики.
Серијата од дебати меѓу кандидатите за прв човек на неформалната влада на Европската Унија продолжуваат во Фиренца на 9 мај.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
