Политика

Арбен Таравари избран за претседател на Алијансата за Албанците

24.12.2022 18:36

Со мнозинство гласови Алијансата за Албанците на третиот вонреден конгрес го избраа Арбен Таравари за претседател на партијата. Тој најави засилена кампања се до следните избори. Не ја исклучи можноста за влез во Владата...

Новоизбраниот претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави засилена кампања од врата на врата, со цел, како што рече, да се доближи партијата до сите граѓани, за поуспешно функционирање и професионализација на Алијансата за Албанците.

Тој не ја исклучи можноста за влез во Влада, контакти има, но сепак за тоа треба да одлучат партиските органи, дополни Таравари.

Претходникот на Таравари, Зијадин Села, посочи дека политичките партии не можат да бидат сопственост на поединец, туку на Албанците,

„Но сепак, јас сметам дека Алијансата за Албанците треба да ја води единствениот кандидат за претседател на партијата, Арбен Таравари. Денеска се собравме, да го избереме првиот меѓу нас во наредните 4 години, референца ми беше и мислев дека тој што ќе треба да го продолжи патувањето на АА, е мојот пријател Арбен Таравари“, изјави Зијадин Села.

На третиот вонреден конгрес, беше променет Статутот на партијата, а се избра и нова функција претседател на Собранието на Алијансата на Албанците.

Зоран Димовски