Сообраќај
МВР: 161 санкционирани возачи во Скопје
25.12.2022 09:36
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон, соопштуваат од МВР.
