Македонија

Пожар во ТЕЦ Осломеј, електраната е исклучена

25.12.2022 10:58

Настанатиот пожар од помали размери бил локализиран од вработените, а превентивно била повикана и противпожарната служба. Веднаш се пристапило кон санирање на делот на вентилација на отпепелувањето...

ЕСМ соопшти дека е исклучен ТЕЦ Осломеј поради пожар на јаглен, надвор од електраната во делот на отпепелување.

Настанатиот пожар од помали размери бил локализиран од вработените, а превентивно била повикана и противпожарната служба. Веднаш се пристапило кон санирање на делот на вентилација на отпепелувањето и се очекува термоелектраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време.

Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот, односно конзумот ќе биде задоволен од другите производни капацитети, велат од ЕСМ.