Руско-украински конфликт
Русија негира дека намерно напаѓа цивилни цели
25.12.2022 11:26
Бројот на загинатите во рускиот напад врз Херсон, се искачи на десет, а 58 лица се повредени, соопштија украинските власти...

Бројот на загинатите во рускиот напад врз Херсон, се искачи на десет, а 58 лица се повредени, соопштија украинските власти. Русија негира дека намерно напаѓа цивилни цели.
Украинскиот претседател во божикната порака, порача дека земјата ќе ја врати слободата. Потсети, дека многу Украинци во моментов немаат пристап до електричната енергија, телекомуникациите и интернетот, но дека празничната атмосфера ќе ги поттикне Украинците да ја издржат руската инвазија.
