Села бара оставка од Тачи
Тој повика Конгресот да дебатира и за тоа дали партијата треба или не треба да учествува во владата.

Поради лошите резултати на изборите и неколкуте последователни порази, градоначалникот на Струга, Зијадин Села, побара оставка од лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Села побара и да се свика највисокиот орган на партијата, конгресот на ДПА и централното собрание за да се дебатира околу резултатите на изборите за претседател и предвремените парламентарни избори .
Тој повика Конгресот да дебатира и за тоа дали партијата треба или не треба да учествува во владата.
Од огранодокот на ДПА од Струга побараа објаснување од лидерот на партијата и за гласањето на вториот круг на претседателските избори и покрај тоа што одлуката на партијата била да се гласа само за албанскиот кандидат.
