Екстремно ниските температури во САД

25.12.2022 11:42

Поради налетот на арктичкиот студ кој зафати поголем дел од САД, повеќе од 800 илјади луѓе останаа без струја, има загинати во сообраќајни несреќи, а илјадници останаа на аеродромите поради откажани летови...

Поради налетот на арктичкиот студ кој зафати поголем дел од САД, повеќе од 800 илјади луѓе останаа без струја, има загинати во сообраќајни несреќи, а илјадници останаа на аеродромите поради откажани летови.

Екстремно ниските температури извршија голем притисок врз енергетските системи. Овие нарушувања ги сменија празничните навики и плановите на милиони Американци за време на најпрометниот период на патување.

Минеаполис беше најстудената точка во Америка, вчера, каде беа измерени минус 21 степен. На божиќното утро најстудено место е Фарго, Северна Дакота со речиси минус 30 Целзиусови степени.