Ковид-19

Властите во Кина повеќе нема да објавуваат ковид статистика

25.12.2022 11:53

Официјалните бројки од Кина станаа неверодостојни бидејќи бројот на тестови се намали, а Кина редовно беше обвинувана за минимизирање на бројот на инфекции и смртни случаи...

Националната здравствена комисија на Кина престана да објавува дневни податоци за Ковид-19, чија веродостојност беше доведена во прашање, откако бројот на случаи на зараза забрзано се зголеми поради олабавување на строгите епидемиолошки мерки.

Официјалните бројки од Кина станаа неверодостојни бидејќи бројот на тестови се намали, а Кина редовно беше обвинувана за минимизирање на бројот на инфекции и смртни случаи.

Здравствениот систем на Кина е под голем притисок, при што од персоналот се бара да дојде на работа, дури и ако е болен, а пензионираните здравствени работници се повторно ангажирани.