Енергетика

Изминатото деноноќие произведени 16.189 MWh електрична енергија

25.12.2022 12:13

Во Термоелектраните произведени се 12.576 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.613 MWh...

АД ЕСМ на 24.12.2022 година произведе 16.189 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.576 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.613 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од владината прес-служба.