Македонија

Инфраструктурата, приоритет на општините од источниот регион за 2023-та

25.12.2022 13:54

Во 2023-ра години, општините од истокот, во најголем дел, ќе бидат фокусирани на реализирање на инфраструктурни проекти. Ова ќе значат подобрување на условите за живот на граѓаните од овој регион...

Инфраструктурните проекти се најбројни во планот за работа на општините на истокот, догодина, но ќе се вложува и во објекти.

Во Кочани ќе се градат типски куќи за семејства во социјален ризик. Општина Пехчево ќе реализира проект во излетничкото место „Равна Река“.

Македонска Каменица планира да гради нова општинска зграда и мултимедијален центар. Од Виница најавуваат реконструкција на патот Блатец – Детлово, енергетски ефикасна фасада на општинската зграда и нови улици.

Најмалата општина на истокот, ќе го решава проблемот за наводнување на плодните површини.

Штипските приоритети, догодина, се изградба на обиколница кај Ново Село и нови крстосници за да се намали сообраќајниот метеж.

Славица Величковска