Киднапирани 7 набљудувачи на ОБСЕ, одговорните бараат укинување на санкциите кон Русија

29.04.2014 20:07

На истокот од Украина кризата се продлабочува.

Над 3000 проруски демостранти попладнево влегоа во регионалната административна зграда во градот Луганс. Тие ги остранија украинските државни симболи и поставија руско знаме.

„Ова е Русија, ние сакаме да живееме заедно со нашите браќа“, изјава на демонстрант

Напната е состојбата и во Доњецк , откако сепаратитите киднапирале 7 лица кој што учествувале во протестите за единство на Украина, а потоа ги ослободиле.

„Ние сме мирољубив народ , зарем толку омразата влезе меѓу народот којшто е од иста религија “, изјава на граѓанин

Украинската влада прави напори да ги ослободи заробените претставници на воената мисија на ОБСЕ, а самопрогласенииот градоначалник на Славјанск , рече дека ќе ги  пушти на слобода странците само доколку Западот ги укине санкциите против лидерот на нивното движење.

„Состојбата се комплицира по апсењето на набљудувачите на ОБСЕ. За сега не се знае каков ќе биде исходот од заложничката драма, правиме напори тие да бидат ослободени“, ијави Франк-Валтер Штајнмаер, министерот за надворешни работи, Германија.     

Западот, Јапонија и  Канада по втор пат ја казнија Русија за нејзината улога во екалацијата на укринската криза тие ја проширија листата на санкции против 17 руски политичари и бизнисмени,  Во Америка неможе да дојде директорот на моќната руска енергетска компанија „Роснејфт“, којашто е со 20 насто сопственик на британскиот „Бритиш петролеум“.

„Западот е иницијатор на ваквата состојба. Располагаме со инфрмации дека  во југоисточниот дел се наогаат 11илјади украински војници ,160 тенкови 230 оклопни возила, што треба да предизвика длабока загриженост на ОБСЕ“, изјави Сергеј Лавтов, министер за надврешни работи на Русија.

За санкциите, Москва вели дека тие се нелегитимни и нецивилизирани и дека светот не треба да стравува дека Москава ќе ја заземе југоисточна Украина како што направи тоа со Крим.

Проширувањето на западните санкции против Русија, негативно ке се одрази и врз   работата на „Газпром“  и дека најверојатно кризата ќе предизвика  прекин на извозот на гас до Европа , преку гасоводот којшто поминува низ украинска територија .

Од друга страна пак,  украинската влада размислува од септември земјата да ја  снабдува со гас од Словачка и дека доколку „Газпром“ не ја намали цената на гасот, Киев овој проблем сака да го разреши  со меѓународна арбитража.

 

Мирјана Василева