Бадникарски традиции

Симболично сечење на бадникови гранчиња во Говрлевска Краста на Водно

25.12.2022 16:51

Традиционално, во местото Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, средба на скопјани, кумот и здравичарот на Бадник. Се собираа бадникови гранчиња. Имаше и песна…

Традиционално со песни и народни ора, беа пречекани кумот и здравичарот на бадникарското сечење на гранчиња на дрвјата на падините на Водно во Говрлево. На богатата трпеза, по 30-ти пат, домаќините ги пречекаа многубројните посетители кои береа гранчиња, за како што велат, долговечност, здравје и издржливост. Веруваат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот, неговите особини ќе се пренесат на сите луѓе во него.

Порачаа, сите да бидат живи и здрави и да се продолжат традициите и обичаите кои се поврзани со бадникарските прослави. Новиот кум, Мојсо Мојсовски и на здравичарот Иве Стевков, симболично ги пресекоа бадниковите гранчиња. На скопјани им обзнани-се е подготвено за одбележување на Бадник на 6-ти јануари пред Соборниот храм, Свети Климент Охридски. Велат, уште еднаш, бликнала радост и среќа со бадниковото гранче, кое уште еднаш носи порака за солидарност меѓу луѓето.

И најмладите продолжуваат по стапките на постарите генерации.

Градоначалниците на Скопје и Општина Центар им дадоа безрезервна поддршка на организаторите, да ги негуваат традициите на македонскиот народ во пресрет на Бадник и предвечерјето на најрадосниот христијански празник, Божиќ.

Бадниковите гранчиња се симбол на долговечноста и верниците ги закитуваат влезните врати на домовите или ставаат по некое гранче на масата, на свечената бадникова вечера. Бадниковото гранче, кое го симболизира здравјето, ги слави животот и вечната среќа. Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како дрвото на животот во рајот, што симболично дава вечност.

Игор Панов