Македонија
Акција на МВР и ОЈО ГОКК на Табановце, патниците заглавени во колони
25.12.2022 21:31
Повеќе од три часа, во долги колони, се чека на граничниот премин Табановце. Возила не се пропуштаат, ниту за влез, ниту за излез...

Повеќе од три часа, во долги колони, се чека на граничниот премин Табановце. Возила не се пропуштаат, ниту за влез, ниту за излез.
МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“, информираа од МВР. Повеќе информации најавија за утре.
На граничниот премин Табановце, според граѓани кои се враќаат во државата, има метеж. Од аматерските видеоснимки и фотографии, може да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.
