Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
26.12.2022 08:30
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
