Средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“
Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе се одржи состанок на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“ во полн состав...

Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе се одржи состанок на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне“ во полн состав.
На последната средба во рамките на „Жан Моне“ процесот, што се одржа минатиот месец, се дискутираше за измена или носење нов Деловник, за усвојување закони во редовна постапка, како и за работата на комисиите и можноста за одредени измени во нивната работа.
На средбата учесниците ги разгледуваа членовите од 132 до 166 од постоечкиот Деловник на Собранието и што во случаите кога работните тела нема во рок да ги завршат работите. Беа разгледани членовите кои пропишуваат процедура за разгледување на предлог-закони во редовна постапка во прво и во второ читање и предлозите за допрецизирање на роковите во кој треба да завршат работите во работните тела и да има алтернатива ако тие не ги завршат обврските во предвидените рокови во Деловникот.
На претходната средба на Работната група не учествуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и советниците, професорите Владо Поповски и Јетон Шасивари.
