Денеска извештајот за дојавите за бомби пред пратениците во Собранието
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците во Собранието ќе презентира извештај како класифициран документ за тоа што досега покажала истрагата за дојавите за поставени бомби во училишта и други објекти...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците во Собранието ќе презентира извештај како класифициран документ за тоа што досега покажала истрагата за дојавите за поставени бомби во училишта и други објекти.
Документот се изготви на барање и на опозициски и на владејачки пратеници и ќе биде прикажан на затворена седница на Комисијата за одбрана.
Се работи за детален извештај од кој пратениците ќе бидат запознаени за тоа од каде се претпоставува дека стигаат овие хибридни закани, но и безбедносни информации за тоа кои се државите што нудат помош на Македонија во справувањето со нив.
