Македонија

Армијата ќе му рапортира на врховниот командант Пендаровски за борбената готовност

26.12.2022 09:13

Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година...

Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година.

Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел претставување на состојбата во областите кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата во тековната година. На брифингот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, претставниците на Кабинетот на претседателот и генералите во Армијата.