На ГП „Табановце“ полицијата пронајде пари во кутија
За време на синоќешната акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција, на граничниот премин „Табановце“, според некои медиуми, била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари...

За време на синоќешната акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција, на граничниот премин „Табановце“, според некои медиуми, била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари.
Синоќа на „Табановце“ заеднички координата акција била дел од истрагата за злоупотреба на службената должност на гранични полицајци и цариници. Ова предизвика повеќечасовен застој за влез на патниците во Македонија кои во овој период од годината во голем број се враќаат во родниот крај за празниците.
Повеќе детали за целиот случај од МВР најавија за денес.
