Во тек е постапка за регистрација на ЗГО „Магедонско јагнешко Овчеполка праменка“
Во тек е постапка за регистрација на заштитена географска ознака „Македонско јагнешко од Овчеполка праменка“. Барањето е поднесено од земјоделската задруга Здружение на одгледувачи на оваа домашна автохтона раса на овци. Елаборатот ги содржи сите податоци за основаноста на заштитата и е јавно објавен...

Земјоделската задруга Здружение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци поднесе барање за регистрација на заштитена географска ознака „Македонско јагнешко од Овчеполка праменка“. Постапката почнува со објавување на елаборатот кој ги содржи сите податоци за основаноста на заштитата, а секое домашно и странско правно или физичко лице има право да поднесе приговор на предложениот назив во рок од 30 дена.
Земјоделската задруга „Охридска церешна“ ја доби географска ознака за оваа сорта и досега е прва и единствена ваква постапка според Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.
Барање за заштита на некој производ можат да поднесуваат само група на производители или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ.
Со регистрирањето на производот со географско потекло или ознака за квалитет се врши негова заштита и може да се продава на странските пазари со препознатлив бренд, квалитет, поголема додадена вредност и цена.
Досега со Законот за индустриска сопственост први беа заштитени десетина други производи меѓу кои ориз, грав, ајвар, сирење, вино и мед.
Методија Трајков
