Доминантна победа на МЗТ СКопје во вечното дерби
30.04.2014 01:06
МЗТ Скопје Аеродром славеше со убедливи 89:73...

Триумфот не е неочекуван, но искрените љубители на кошаркара потајно се надеваа дека Работнички ќе пружи посилен отпор во Градски парк.
МЗТ Скопје Аеродром славеше со убедливи 89:73. Синовец имаше 19 поени со што беше најдобар стрелец на мечот, кај МЗТ го следеа Чековски со 18, Цветковиќ со 16 и Гечевски со 13 поени и 10 скокови. Кај поразените, Симоновски реализира 18.
Евидентна беше желбата за пообеда во играта на домапната екипа, но очајниот удар за три поени, слабата скок игра и загубените топки, против шампионот скапо се плаќаат. Ова беше 16 победа по ред за МЗТ Скопје, во сите конкуренции во македонската кошарка.
МЗТ има скор 6/0 со што убедливо води како единствената непоразена екипа и е првиот патник во плеј офот. Работнички сега има 2/4.
