Кина испрати 71 воен авион во зоната за воздушна одбрана на Тајван
71 авион на кинеското воено воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала, навлезе во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван во изминатите 24 часа, соопшти владата на Тајван, за најголемиот упад на Кина досега...

71 авион на кинеското воено воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала, навлезе во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван во изминатите 24 часа, соопшти владата на Тајван, за најголемиот упад на Кина досега.
Четириесет и три авиони ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијален тампон меѓу двете страни што се наоѓа во одбранбената зона, се вели во извештајот на тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг продолжува со воената активност во близина на островот за кој се тврди дека е кинеска територија.
Пекинг соопшти дека спроведува „ударни вежби“ поморскиот и воздушниот простор околу Тајван како одговор на, како што рече, провокацијата од страна на Тајпеј и САД.
