Косово

Пукотници во близина на патрола на КФОР во северно Косово

26.12.2022 10:09

Тензично на Косово по истрелите и детонациите кај Зубин Поток во близина на патрола на КФОР. Косовскиот министер за внатрешни, реагираше на овие напади, нарекувајќи ги игри на српскиот претседател Вучиќ и неговите криминални инструменти...

Тензично на Косово по истрелите и детонациите кај Зубин Поток во близина на патрола на КФОР. Косовскиот министер за внатрешни, реагираше на овие напади, нарекувајќи ги игри на српскиот претседател Вучиќ и неговите криминални инструменти.

Вели дека барикадите треба веднаш да се отстранат, а Србија да престане да организира и поддржува нелегални структури кои сакаат да го дестабилизираат Косово.

Српскиот претседател Вучиќ се сретна премиерката Брнабиќ и со воениот врв. По средбата началникот на генералштабот Мојсиловиќ итно заминал за Рашка. Од КФОР потврдија дека било пукано во близина на нивната единица во Зубин Поток.