Пирот
15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот
26.12.2022 10:09
Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа...

Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа.
Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба. Во Пирот е прогласена вонредна состојба. Затворени се училиштата, градинките и јавните установи.
Министерот за градежништво и инфраструктура Весиќ изјави дека на пет локации во Пирот се извршени мерења и не е евидентирано присуство на амонијак.
