САД
Најмалку 38 загинати во снежното невреме што ги зафати САД и Канада
26.12.2022 10:09
Најмалку 38 лица смртни случаи се поврзани со снежната арктичка бура со многу ниски температури која ги зафати САД и Канада...

Најмалку 38 лица смртни случаи се поврзани со снежната арктичка бура со многу ниски температури која ги зафати САД и Канада.
Според властите, 34 лица загинале во САД, најголемиот дел од нив во Бафало во сојузната држава Њујорк, додека четири жртви се случиле во Канада кога автобус се превртел на замрзнат пат.
Според метеоролозите, се очекува силата на снежната бура да се намали во наредните неколку дена, но и понатаму остануваат на сила препораките да се избегнуваат патувања кои не се неопходни.
